11.6 C
Vinica
вторник, март 17, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Во Кочани 63 столчиња останаа празни, одбележана годишнината од катастрофалниот пожар што однесе 63 животи

    Денеска во Кочани се одбележа првата годишнина од трагичниот пожар во доскотеката Пулс, во кој загинаа 63 млади луѓе, а стотици беа повредени. Во Паркот на револуцијата беа поставени 63 бели столчиња, кои останаа празни, како потсетник за прерано изгубените животи и прекинати соништа. На секое од столчињата беа напишани имиња на загинатите и беше оставена по една бела роза.

    На одбележувањето, покрај семејствата, блиските на загинатите и повредените, присуствуваше и политичкиот врв, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, пратеници, претставници на локалните власти и граѓани.

    Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

    Премиерот Христијан Мицкоски се потпиша во книгата на жалост и присутвуваше на комеморативниот настан „Ден на сеќавање -16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“.

    „Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа. Една година подоцна, болката и празнината се уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа. Нека споменот за нив остане вечен, а нашата заедничка човечност и единство нека бидат сила што ќе не води напред, напиша Мицкоски.

    Одбележување на еден од најтрагичните настани во поновата македонска историја се организираше и во другите градови низа земјата. Во Струмица, ученици засадија јавор во Градскиот парк, во чест на 63 загинати во пожарот во „Пулс“, а дрво ќе биде засадено и во Музичкото училиште во Струмица, каде што работеше музичарот Ѓорѓи Ѓоргиев, кој беше дел од бендот ДНК и загина во пожарот. Во Тетово, волонтери на Црвениот крст им одадоа почит на загинатите со пуштање на 63 бели балони на градскиот Плоштад.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica