11.6 C
Vinica
вторник, март 17, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    СДСМ започна постапка за исклучување на Петре Шилегов

    Извршниот одбор на СДСМ започна постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството на СДСМ.

    „Шилегов е уценет и одработува за ВМРО. Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре. Сега на сите им е јасно дека станува збор за „платформа за рушење на СДСМ“, стои во партиско соопштение на опозициската партија во кое се најави исклучувањето на Шилегов.

    Поранешниот пратеник и градоначалник на Скопје неодамна најави дека тој, заедно со поголема група социјалдемократи ќе побараат оставка од актуелното раководство на Венко Филипче бидејќи СДСМ е кадровски празна заради што критички настроените граѓани бараат опозиција во партијата „Левица“.

    Шилегов, кој е адвокат на еден од обвинетите во случајот Пулс, најавата за негово исклучување од матичната партија не го коментираше вчера, на годишнината од трагедијата. Тој најави дека својот став за исклучувањето ќе го каже денеска.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica