Италијанскиот возач Андреа Кими Антонели го освои првото место во квалификациите за првата трка од сезоната во Формула 1 во Кина и го запиша своето име во историјата.
Незаборавен момент се случи во квалификациите за првата трка од сезоната, за Големата награда на Кина, на патеката во Шангај.
За Антонели, пилот на Мерцедес, ова е првата „пол“ позиција во неговата кариера, со која тој ја напиша и историјата на натпреварувањето, бидејќи стана најмладиот возач што стартувал од првото место на трката во „најбрзиот циркус“.
Италијанскиот возач ќе наполни 20 години во август. Тој го сруши претходниот 18-годишен рекорд што го држеше Себастијан Фетел, кој на 21 година ја освои првата пол-позиција во кариерата, во квалификациите во 2008 година во Монца.