14.1 C
Vinica
вторник, март 3, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Инспектор со години управувал хеликоптер со фалсификувана дозвола

    Полициски инспектор вработен во Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија со години управувал полициски хеликоптер со фалсификувана дозвола. Според информациите, со леталото превезувани и високи политичари и министри.

    Според пријавата, во периодот од 27 февруари до 10 април 2023 година, како началник на Одделот за воздухопловни единици, осомничениот незаконски впишал во својата дозвола за член на екипаж овластување за инструктор на хеликоптер од типот TRI BELL 206, иако не ги исполнувал условите. Наводно, овластувањето било прикажано како стекнато на 26 февруари 2020 година. Фалсификуваното овластување го користел како валидно пред Воздухопловната полициска единица во Брник, Словенија, како и во две управни постапки пред Агенцијата за цивилно воздухопловство, со цел да биде впишано и во неговата цивилна дозвола. Случајот е доставен до надлежното обвинителство, кое треба да одлучи за понатамошната постапка.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica