11.4 C
Vinica
вторник, февруари 24, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Груби во куќен притвор, политичките партии со меѓусебни препукувања за случајот

    Артан Груби доби куќен притвор и одземен му е пасошот, откако Основното јавно обвинителство Скопје процени дека доказите за постапката во најголем дел се обезбедени, но и дека тој доброволно се пријавил и се предал на полицијата. Обвинителството посочува дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, а загрозена е и безбедноста на неговото семејство.

    „По добивањето на известувањето дека второосомничениот во предметот за Државната лотарија каде е осомничен заедно со уште пет лица, доброволно се пријавил на органите на прогонот и изразил подготвеност да соработува со надлежните органи, Обвинителството ќе ја продолжи постапката за истиот со цел донесување на јавнообвинителска одлука. На барање на второосомничениот преку неговата одбрана истиот во текот на денешниот ден беше спроведен пред надлежниот обвинител каде вршеше увид во списите на предметот, но поради обемноста на доказниот материјал увидот ќе продолжи наредните денови по што на второосомничениот ќе му биде овозможено да ја даде својата одбрана“, посочуваат од ОЈО.

    Од ВМРО ДПМНЕ велат дека одлуката за домашен притвор е на обвинителството, кое во јавноста има два отсто доверба, за што виносвни, според нив, се политичката опозиција и СДСМ.

    „СДСМ се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби,“ велат од партијата.

    Нивниот коалиционен партнер ВЛЕН, пак вели дека Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ.

    „Откако катастрофално изгуби ДУИ на локалните избори и паднаа во вода сите лажни ветувања на Ахмети за предвремени избори и наводен влез во Влада, на Артан не му останува ништо друго освен да се соочи со сопствените гревови,“, велат од ВЛЕН.

    Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека поранешниот вицепремиер Артан Груби, е функционер кој се најде на црната листа на САД, и затоа ниедна земја не би била гостопримлива да му овозможи престој.

    ,,Било која земја, каде и да престојувал, без да прејудицирам, не верувам дека е расположена таквото гостопримство да му го овозможи бесконечно. Дипломатскиот притисок од една или од друга страна може да биде скап на таа земја која што би била домаќин на еден ваков човек којшто е осомничен“, истакна Милошоски.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica