5.5 C
Vinica
недела, февруари 22, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Трибина за органодарителство: Трансплантацијата е врв на медицината и на човечноста

    Трансплантацијата е врв на медицината и на човечноста, беше истакнато на трибина одржана во Битола на тема „Органодарителство во Македонија“. Целта е, како што информираат во Министерството за здравство, да се отвори поширока јавна дискусија за значењето, предизвиците и етичките аспекти на трансплантацијата.
    „На едно место беа обединети врвни медицински експерти, трансплантациски координатори, претставници на верските заедници, правници, како и пациенти и донори, сите со заедничка мисија: подигнување на свесноста и градење култура на донорство. Трансплантацијата е врв на медицината, но и врв на човечноста. Таа бара знаење, организација и систем, но пред сè  доверба, солидарност и храброст. Секој спасен живот е доказ дека кога институциите, стручната фела и заедницата се обединети, надежта станува реалност. Подигнувањето на свесноста за донорството не е само  избор, тоа е општествена одговорност и хуманост која може да спаси или да го подобри квалитетот на животот“, посочи проф. д-р Билјана Кузмановска, национална координаторка за трансплантација.
    Таа ги појасни условите да се биде дарител, комплексноста на процедурите, но и подготвеноста на здравствениот систем за овие сложени трансплантациски процедури.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica