7.1 C
Vinica
сабота, февруари 21, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Дрогата од Македонија се транспортирала во Србија преку организирана мрежа, истрага за шест лица

    Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈЈО ГОКК) отвори истрага против шест лица заради основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“. Истражната постапка се темели на документи обезбедени од МВР, како и на меѓународна правна помош од Јавното обвинителство за организиран криминал на Република Србија.

    Според наредбата за спроведување на истражната постапка, осомничените во период од 2025 година до јануари 2026 година, заедно со други засега неидентификувани лица, се здружиле со цел неовластена продажба на кокаин и марихуана. Секој од нив имал јасно определена улога при преземањето, држењето и пренесувањето на наркотичната дрога.

    „Двајца од осомничените, за кои српското обвинителство води постапка, по претходен договор со првоосомничениот, сопственик на правно лице во Скопје, организирале набавка и повеќекратно транспортирање на марихуана од Северна Македонија кон Србија. Во декември лани, првоосомничениот дал насоки за пакување на 8.832 килограми сув цвет од канабис во над 200 кутии. Потоа, кутиите биле натоварени во возила и на 13 јануари годинава префрлени до локација во атарот на Свети Николе. Следниот ден, дрогата била префрлена кон објект во Крушевац, Република Србија“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

    На 14 јануари, во 03:41 часот, товарното моторно возило се исклучило од автопат и се упатило кон селото Коњух, каде заедно со други неидентификувани лица било извршено растоварање на кутиите со наркотична дрога марихуана во објект на правно лице од Крушевац, претходно обезбеден од осомничени лица за кои Јавното обвинителство за организиран криминал на Република Србија води истражна постапка.

    „Јавниот обвинител оцени дека постојат околности што упатуваат на тоа дека во конкретниот случај целта на притворот не би можела да се оствари со некоја друга мерка за обезбедување присуство, па на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи да донесе решение со кое спрема двајцата осомничени на кои им беше определен краткотраен притвор да биде определена мерка притвор во траење од 30 дена“, се додава во соопштението.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica