8.1 C
Vinica
вторник, февруари 17, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Обилните врнежи предизвикаа поплави и свлечишта во Полошкиот регион

    Обилните врнежи од дожд во северозападниот регион, последните два дена предизвикаа повеќе поплави и свлечишта во Полошкиот регион, информира Центарот за управување со кризи. Во Тетово има паднат потпорен ѕид врз семејна куќа, на патот кон Попова Шапка, на околу 150 метри од жичарата има свлечиште, а одронот претставува ризик за околните станбени објекти.
    Големо свлечиште е регистрирано и на патниот правец од селото Џепчиште кон Џермо и патот е целосно непрооден. Свлечиште е пријавено и на улица „Прохор Пчински“, а во село Вејце пријавено е свлечиште над куќа со веќе постоечки оштетувања од земјотресот.
    ЦУК информира дека во Општина Желино, реката Вардар се излеа во село Стримница, при што се поплавени пет куќи. Поради конфигурацијата на теренот, пристапот за интервенција е отежнат.
    Во Општина Теарце пријавени се поплавени подрумски простории а во Јегуновце поплавен е локалниот пат од село Сиричино кон село Јегуновце. Општината испрати механизација и се очекува нормализирање на сообраќајот.
    „Во Гостивар состојбата се стабилизира по престанокот на врнежите. Реките во селата Лакавица, Беловиште, Мало Турчане и Балиндол се повлечени во своите корита. Во село Форино, по излевањето на реката Вардар, водата е повлечена од улиците. Поплавени се околу 200 куќи. Во тек е испумпување на водата со ангажирање на служби и локално население“, посочуваат од ЦУК.

    Информираат дека во Кумановскиот регион, во Општина Липково и Општина Старо Нагоричане, во моментов нема опасност од излевање на реките, водостојот е намален и водата е повлечена во коритата по вчерашните врнежи кога беа поплавени ниви, а беше однесен и дрвен мост.

    Водата се нормализира и во Кичевскиот регион, каде врнежите престанаа и нивото на реките е намалено. Евакуирани се 250 лица од 62 семејства, на кои им се доставува храна, вода и неопходни средства. Екипите на ЈП „Комуналец“ и пожарникарите вршат испумпување на водата од подрумите на куќите.

    Во Скопскиот регион пријавена е надојдена вода кај мостот во Јурумлери, како и минимално излевање на реката Вардар кај село Пакошево – Ново Село, во Општина Зелениково.

    Од Црвениот крст информираат дека нивните волонтери се на терен и обезбедуваат помош и поддршка за загрозените од поплавите, со достава на храна, вода, топли оброци, душеци, ќебиња и основни хигиенски средства со цел да им помогнат на семејствата кои се соочуваат со тешки последици од временските непогоди.
    Покрај материјалната помош, волонтерите пружаат и психосоцијална поддршка (ПСС), обезбедувајќи разговор, емоционална поддршка и насоки за справување со стресот и траумата предизвикани од поплавите. Тие помагаат при евакуација, вршат проценка на потребите на погоденото население и соработуваат со локалните институции за побрзо и поефикасно справување со состојбата на терен.
    Од Црвениот крст велат дека во моментов евакуирани и згрижени се вкупно 250 лица во кичевскиот регион. Од нив, 61 се деца – меѓу кои едно дете на возраст од 1 месец, едно од 2 месеци, едно од 7 месеци и 58 деца на возраст од 2 до 10 години. Меѓу евакуираните има и 189 возрасни лица, од кои 102 жени и 87 мажи, како и 11 лица со инвалидитет.
    Со материјална штета се засегнати вкупно 362 домаќинства, односно околу 1200 лица кои се соочуваат со последиците од временската непогода.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica