Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, утрово на своите социјални мрежи ТикТок и Инстаграм објави видео и неколку сториња како го прикажува својот скапоцен автомобил „Брабус“ како е запален пред својот дом.
Запалениот автомобил бил паркиран пред зградата во луксузната населба „Белград на Вода“, каде што веќе долги години живее Богдан Илиќ.
Јутјуберот на своето комично видео објавено на ТикТок се потсмева и вели дека сака да го продаде поради тоа што повеќе не му е потребно.
Српското МВР сè уште немаат дадено официјална изјава за кој стои зад ова дело.