Во просториите на „Лабораториум“ на 18 февруари (среда), со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на стрипот „Лом: Бунарот на бесконечната јанѕа“ од авторите Ивица Дукоски и Владимир Благојевиќ, во издание на Фликер Студио.
Настанот е во организација на Lom Лом и е отворен за јавноста.
Станува збор за стрип од жанрот на епска фантастика во кој главни улоги играат за волшебникот Лом и неговите авантури во паралелен универзум во кој магијата функционира.
„Лом: Бунарот на бесконечната јанѕа“ комбинира елементи на фантазија со егзистенцијална паника и нежна иронија, во приказна во која судбината не прифаќа туѓи мислења. Се работи за продолжение на графичкиот роман „Лом – волшебникот од Големото Ништо“ (2020).
Стрипот ќе може да се купи на самиот настан по промотивна цена, а влезот е слободен за сите заинтересирани.
Тандемот Владимир Благојевиќ – Владодлак и Ивица Дуковски се автори на графичкиот роман „Црната аурора“ (2018) и научно-фантастичните серијали „Неонски ноќи“ и „Светите ловци“, како и авантуристичкиот стрип за деца „Аника и Тигран“.