7 C
Vinica
четврток, февруари 12, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Следи заладување на времето во Македонија, ќе врне и дожд и снег

    Влијанието на циклонската активност над нашиот дел од Европскиот Континент продолжува и во почетокот на новата седмица но со тоа што на ден понеделник 9 февруари 2026 од север кон Македонија ќе се спушта поладен воздух кој ќе предизвика да имаме заладување и пад на температурите на воздухот кои преку ден ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени а во Скопје температурата ќе се искачи до околу 6/7 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец.

    На повеќе места влијанието на овој циклон ќе услови да имаме нови повремени врнежи од дожд а на повисоките места над 1000 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег а на планините и на Скијачките центри врнежите ќе бидат само од снег. Вечерта во понеделник 9 февруари 2026 како и ноќта кон вторник 10 февруари 2026 снежната граница ќе се спушти и под 1000 метри надморска височина па така послаби врнежи од снег можно е да имаме и во делови од повисоките населени места во Македонија особено во северните и во североисточните предели од Македонија.

    Локално пак особено во јужните и во југоисточните предели ќе наврнат нови над 15 литри дожд на метар квадратен.

    Метео прогноза на Славчо Попоски

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica