Постојат рецепти кои не бараат многу, но даваат сè. Неколку основни состојки, малку трпение и мирисот на карамела што ја исполнува кујната – доволно за да нè вратат во некои помирни времиња.
Состојки:
250 г шеќер (200 г за карамела, 50 г за мешање со јајца)
250 г ореви (половина сечкани, половина мелени)
250 г путер
3 јајца
1 голем лист обланда
Подготовка:
Во тава со дебело дно, растопете 200 г шеќер на тивок оган додека не добие златно-кафеава боја. Не мешајте додека шеќерот не се раствори. Кога шеќерот ќе се карамелизира, додадете го путерот и мешајте додека целосно не се растопи и не се соедини со карамелата.
Одделно изматете ги јајцата со преостанатите 50 г шеќер, а потоа полека додадете ги во карамел смесата со постојано мешање. Варете го кремот на тивок оган додека не се згусне и не стане мазен и компактен. Тргнете од оган и вмешајте ги оревите во топлиот крем – половина ситно исечкани, а половина мелени.
Исечете ја обландата на две еднакви половини. Кога кремот малку ќе се олади, рамномерно распоредете ја врз едната половина од обландата.
Покријте другата половина од обландата, лесно притиснете и оставете на ладно место неколку часа за да се стврдне добро колачот.
Уживајте!
Фото: Принтскрин/novosti