11.2 C
Vinica
недела, февруари 8, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    (Рецепт) ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО ЛЕШНИЦИ: Едноставна за подготовка и исклучително ефектна

    Богата чоколадна кора и мек, кремаст фил од чоколадо и лешници ја прават оваа торта класика што никогаш не излегува од мода. Идеална е за празнични пригоди, но и како совршен десерт со попладневно кафе.
    Состојки:
    Кора:
    150 г меко брашно
    100 г шеќер
    3 јајца
    25 г какао во прав
    1 лажичка екстракт од ванила
    ½ лажичка прашок за пециво

    Крем од чоколадо и лешници
    300 мл слатка павлака
    200 г полуслатко чоколадо
    100 г млечно чоколадо
    100 г намаз од лешници
    1 лажичка екстракт од ванила
    2 лажици шеќер во прав (по желба)

    Чоколадна глазура (по желба)
    150 г полуслатко чоколадо
    100 мл слатка павлака
    1 лажица мед или сируп од пченка

    За декорација
    сечкани лешници
    рендано чоколадо

    Начин на подготовка
    1. Кора
    Загрејте ја рерната на 180°C. Матете ги јајцата со шеќерот додека не добиете лесна и пенаста смеса. Додадете ја ванилата. Просејте ги брашното, какаото и прашокот за пециво и нежно измешајте ги во смесата. Истурете во намастен калап и печете 20-25 минути. Оставете да се олади.

    2. Крем
    Растопете ги двата вида чоколадо на пареа. Додадете го намазор од лешници и ванилата. Одделно, изматете ја слатката павлака (и шеќерот во прав доколку користите) додека не добиете цврсти врвови, а потоа внимателно додадете во смесата од чоколадо.

    3. Фил
    По желба, исечете ја кората на два дела. Премачкајте со крем, покријте со другиот дел.

    4. Глазура (по желба)
    Загрејте ја павлаката и прелијте го сечканото чоколадо. Додадете го медот и мешајте додека не добиете сјајна глазура. Прелијте го колачот.

    5. Завршување
    Декорирајте со сечкани лешници и рендано чоколадо. Оставете да се олади најмалку 3-4 часа пред сервирање.

    Пријатно!

    Фото: Принтскрин/novosti

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica