11.7 C
Vinica
сабота, февруари 7, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Странски кардиохирурзи ќе ја ревидираат работата на нашите доктори

    Одговорните во Министерството за здравство денеска ги објавија имињата на членовите на странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции во земјава.
    „Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, а еден од нив е д-р Уголино Ливи, кардиохирург од Италија, со искуство како редовен професор од областа кардиохирургија на Универзитетот во Удине, а бил ангажиран како визитинг професор на универзитетите „Стенфорд“ и „Сан Диего“ во САД, кој има стекнато богато професионално искуство во областа на трансплантација на срце. Исто така, како експерт е член на уредувачките одбори на повеќе европски стручни списанија во оваа област“, наведено е во соопштението на министерството.
    Друг ангажиран доктор е д-р Никола Лакиќ, кардиоваскуларен хирург од Словенија, со повеќегодишно работно искуство на раководна позиција во Универзитетскиот медицински центар Љубљана, кој воедно е и доктор на науки на Универзитетот во Марибор и има објавено повеќе стручни трудови посветени на кардиоваскуларната хирургија.
    Во комисијата е и д-р Черчек Миха, интервентен кардиолог од Словенија, со долгогодишно искуство на одделот за кардиологија (единица за коронарен третман), при Универзитетскиот медицински центар Љубљана.
    „Овој експерт има стекнато титула доктор на биомедицински науки на Универзитетот во Љубљана. Тој во рамки на својата експертиза бил ангажиран како истражувач на престижниот „Cedars-Sinai“ медицински центар во Лос Анџелес, САД“, информираат во министерството.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica