4 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Нова промена на термините во ВМФЛ, есенската титула сепак му се смешка на Охрид!

    Иако одложените мечеви од 13., 14. и 15.коло во ВМФЛ првично беа планирани да се играат напролет, сепак најново е тоа што се планира да се играат овој месец и со тоа на зимската пауза да се оди без одложен меч. Па така сите седум натпревари кои беа одложени за пролетниот дел, сепак ќе се играат во термините од 3 декември, 6 декември, 7 декември и 12 декември.

    Ова значи дека Охрид сега има и тоа какви шанси сепак да стане сенски првак.

    Имено на табелата Шкендија (А) има 35 бода, Брегалница има 33 а Беласица 31 бодови. Но сите овие екипи веќе ги одиграле сите 15 меча. Охрид има 30 бодови и ќе треба да одигра уште два, и тоа овој месец и тоа против Г. Коњари и Слога (В), Реално е охриѓани да слават и на двата и со тоа на пауза да заминат како лидери, како есенски прваци.

    Имено Охрид утре игра со Г. Коњари а на 7 декември со Слога (В). Со две победи на крајот ќе заврши со 36 бодови, еден повеќе од Шкендија (А).

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica