11.2 C
Vinica
понеделник, ноември 24, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    ПОСНИ КОЛАЧИЊА СО УРМИ И ОРЕВИ: Рецепт за здрав десерт

    Овие здрави колачиња со урми и ореви не се само вкусни, туку и многу брзи за подготовка. Уверете се сами колку лесно се прават – и без печење!
    Состојки:
    80 г овесна каша
    100 г ореви
    150 г урми без семки
    10–15 г какао
    2 лажици мед
    150 г чоколадо (темно или млечно ако не сакате да се посни)
    30 мл растително масло (на пр. кокосово или масло од репка) или маргарин
    Подготовка
    1. Подготовка на филот
    Измешајте овесна каша, ореви, урми, какао и мед во блендер. Блендирајте додека смесата не стане компактна и изедначена. Ако смесата е премногу густа или тешка за обликување, додадете малку вода или растително млеко.

    2. Обликување
    Оформете ја смесата во мали топчиња или рамни колачиња. Наредете ги на даска или плех обложен со хартија за печење.

    3. Топење на чоколадото
    Растопете го чоколадото на тивок оган или во микробранова печка. Додадете го маслото и добро измешајте додека не добиете мазна и сјајна смеса.

    4. Чоколадна глазура
    Прелијте стопено чоколадо врз секое топче/колаче за да бидат рамномерно покриени.

    5. Ладење
    Ставете ги колачињата во фрижидер приближно 1 час за чоколадото целосно да се стегне.

    Пријатно!

    Фото: Принтскрин/novosti

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica