10 C
Vinica
недела, ноември 23, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Денес се празнуваат Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј

    Сите беа од Седумдесеттемина апостоли. Последните тројца се спомнуваат и на друго место, и тоа: Родион на 8 април, Сосипатар на 28 април, а Терциј на 30 октомври. Светите Олимп и Родион беа следбеници на апостолот Петар и кога тој пострада пострадаа и тие, на заповед од Нерон беа обезглавени. Ераст беше најпрво економ на Црквата во Ерусалим, а потоа епископ во Панеада Палестинска. Кварт беше епископ во Бејрут, многу страдаше, но и многумина ги приведе кон Христовата вера. Сосипатар беше епископ во Иконија, а Терциј беше втор епископ во истата таа Иконија. Духовно војуваа, станаа победници и зедоа венци на невенлива слава.

    Тропар
    О, свети апостоли, Христос Спасителот во вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете. За Олимпа и Родиона маченици Ерост и Кварт, Сосипатар и Терцие епископи, Свети чувари на Божествените повелби, молете се за нас о, вие кои послуживте како бисери на Љубовта, за родот човечки.

    The post Денес се празнуваат Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј appeared first on ekran.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica