7.8 C
Vinica
понеделник, февруари 23, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Српските студенти ќе пешачат од Белград до Нови Сад за годишнината од уривањето на настрешницата

    Студентите во блокада најавија дека на 30 октомври ќе тргнат пеш од Белград до Нови Сад, во знак на сеќавање и солидарност со жртвите од падот на настрешницата во Нови Сад, пренесува Н1.

    На нивната Инстаграм страница, студентите објавија дека се пријавиле повеќе од 4.000 учесници, меѓу кои и средношколци.

    „Нашиот тим дава сè од себе да обезбеди безбедност, сместување и основни услови за сите кои ќе пешачат. Ги молиме граѓаните кои сакаат да ни се придружат тоа да го сторат самостојно, со сопствено сместување и логистика,“ наведоа студентите, додавајќи дека не можат да преземат одговорност за сите учесници.

    Студентите најавија и голем комеморативен собир на 1 ноември во Нови Сад, по повод годишнината од трагедијата.

    Во меѓувреме, студентите од Државниот универзитет во Нови Пазар веќе тргнаа кон Нови Сад и планираат да пешачат 16 дена за 16 жртви.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica