4 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    (ФОТО) „СО ГОДИНИ ОДАМ НА ТЕРАПИЈА“: Наташа Беквалац редовно посетува психолог за да може да се справи со предизвиците што ѝ ги носи животот

    Наташа Беквалац искрено зборувала за својата борба со депресијата.
    Пејачката Наташа Беквалац признава дека шопингот не е извор на утеха за неа и дека со години оди на терапија кај психолог.
    Наташа Белвалац не се срами да зборува за теми што многумина ги избегнуваат. Три брака што завршија со развод оставиле трага врз нејзиното ментално здравје, поради што решила да побара стручна помош.

     

    View this post on Instagram

     

    A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

    Депресијата, како што самата истакнува, не се лечи со шопинг, а терапијата со психолог ѝ помогнала да се извлече од бројни тешки ситуации.
    – Моите депресии не можат да се излечат со шопинг, потребни се посилни дози од нешто за да ги лекувам. Не знам дали ќе ми верувате, но навистина ја кажувам вистината. Не ме интересира шопингот, освен работите поврзани со куќата и мебелот. Оние жени што се тресат на „Шанел“, па јас така се тресам на фотелјата – признала пејачката.

     

    View this post on Instagram

     

    A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

    Наташа Беквалац отворено зборувала за тешките периоди и важноста од грижата за менталното здравје.
    – Во Србија, психотерапијата е табу тема, но јас припаѓам на цивилизиран дел од Србија, каде што станува збор за лична хигиена. Исто како што се бањате, треба да се грижите и за вашето ментално здравје. Со години одам на терапија, жена сум со јавна работа, каде што има разни притисоци, и планирам да останам здрава долго време – заклучила таа.

    Фото: Принтскрин/Instagram

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica