4 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Македонија цели 26 години нема победа против Словенија

    Македонската женска ракометна репрезентација денеска продолжува со натпреварите за пласман на Европското првенство 2025 година. После убедливиот пораз од Германија на гостински терен, нашите ракометарки имаат нов предизвик – дуел со Словенија. Овој натпревар се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток во 18 часот.

    Селекторот, Киристијан Грчевски на дуелот со Германките на располагање ја немаше најдобрата ракометарка Сара Ристовска која не се најде ниту во составот поради повреда.

    Поминаа 26 години откако Македонија последен пат ја победи Словенија која пак има добиено девет од 13 средби, една има завршено нерешено, додека последниот триумф нашата женска селекција го има забележано во 1999 година.

    Дали оваа лоша традиција ќе се промени останува да видиме вечерва. Словенија овие квалификации ги стартуваше со победа над Белгија.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica