11.8 C
Vinica
вторник, октомври 14, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Сијарто: Унгарски МОЛ ќе ги зголеми испораките на нафта кон Србија по американските санкции против НИС

    Унгарската нафтена компанија МОЛ ќе ги зголеми испораките во Србија откако ќе стапат во сила санкциите на САД врз српската нафтена индустрија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, пренесува РТС.

    „Бидејќи МОЛ игра важна улога во снабдувањето на Србија со сурова нафта и гориво, нашите српски пријатели можат да се потпрат на зголемени испораки од МОЛ“, рече Сијарто во објава на социјалните мрежи.

    Според него, ова зголемување нема да може целосно да го замени недостатокот на испораки од Хрватска. Српскиот претседател Александар Вучиќ во четврток изјави дека е реална проценка дека рафинеријата може да работи без дополнителни приливи на нафта до 1 ноември, додавајќи дека кога станува збор за гориво, нема да има проблеми до Нова Година.

    За време на своето обраќање до граѓаните во врска со воведувањето на санкциите на САД врз НИС, Вучиќ рече дека овој период може да се продолжи за пет или седум дена, но дека тешко дека ќе биде подолг од тоа.

     

    View this post on Instagram

     

    A post shared by Szijjártó Péter (@peter_szijjarto)

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica