10.2 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Боки 13 не можеше да ги задржи емоциите во Белград

    Боки 13 (Бојан Јовановски) неодамна го посети гробот на својата блиска пријателка, текстописецот Марина Туцаковиќ, и нејзините синови, Милош и Милан „Лача“ Радуловиќ, во Белград. По речиси десет години отсутност од српската престолнина, Боки 13 пристигна во Белград и веднаш се упати кон Новото гробиште, каде што се наоѓа гробот на неговите пријатели. Тој изјави дека секогаш кога ќе доаѓал во Белград, првото место што го посетувал било токму тоа гробиште, и дека денес го исполнил своето ветување.

    Во моментот на посетата, Боки 13 не можеше да ги задржи емоциите. Тој се сетил на моментот кога во затворот дознал за смртта на Марина Туцаковиќ, што го опиша како најтежок ден во неговиот живот. Тој исто така сподели дека Лача го посетил десет дена пред својата смрт, и дека имал впечаток дека сака да се збогува. „Се слушавме постојано. Марина како да сакала да оди кај Милош, а Лача кога ме посети десет дена пред смртта, изгледаше како да сака да оди кај Марина“, изјави Боки 13.

    „Тоа што си го ветив на денот кога умре Марина додека бев во затвор, дека првиот пат кога ќе дојдам во Белград ќе го посетам гробот на Марина, за жал и на Лача и Милош, денеска си го исполнив ветувањето!
    Душата ми се смири, а солзите сами течеа како река!
    Ве сакам најмногу, Макице Жикице моја“, напиша Бојан Јовановски на Инстаграм,

     

    View this post on Instagram

     

    A post shared by Bojan Jovanovski (@boki13official)

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica