5.2 C
Vinica
недела, ноември 8, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Двајца загинати, 16 лица повредени во тешка автобуска несреќа во Франција

    Едно дете и едно младо лице загинаа, а најмалку 16 лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа во источна Франција, откако автобус кој сообраќал на релација Лион-Бурж-ан-Брес излетал од патот и удрил во дрво, објави Би-Би-Си.

    Несреќата се случила утрово во околу 7 часот наутро во местото Лан, на 55 километри од границата со Швајцарија.

    Според информациите од обвинителството во Бурж-ан-Брес, во автобусот имало 43 патници, меѓу кои и 15 деца. Три лица се во критична здравствена состојба, додека уште 13 се здобиле со полесни повреди.

    Градоначалникот на Лан, Ив Кристин, за француските медиуми изјави дека автобусот излетал од коловозот и удрил во дрво покрај патот.

    Возачот, кој исто така е повреден, е пренесен во болница и сè уште не бил сослушан од полицијата.

    Надлежните служби продолжуваат со истрагата за утврдување на причините за несреќата.

    Итните служби беа на местото на настанот, а беа распоредени и медицински хеликоптери за да ги пренесат жртвите со сериозни повреди во специјализирана болница.

    Францускиот министер за транспорт Филип Табаро, кој беше на пат кон областа, рече дека се испратени и повеќе од 100 пожарникари.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.