5.2 C
Vinica
недела, ноември 8, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    Здружението Форум за образовни промени поднесе тужба против Министерството за образование и наука (МОН) поради непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк.

    „Оброкот не е прашање на милост на владата и Министерството за образование и наука, ниту пак прашање на добра волја и расположение на министерката Весна Јаневска. Тоа е законска обврска што по службена должност треба да се направи без студентите да треба да пратат барање за покачување на износот“, изјави Бленди Ходаи на денешната прес конференција пред Управниот суд.

    Тој нагласи дека Министерството за образование и наука го има прекршено член 2.1 од законот кој вели дека износот за субвенционирн студентски оброк треба да се усогласува со годишната инфлациска стапка.

    „Преку оваа тужба бараме уставниот суд да донесе одлука дека Министерството незаконски постапило во изминатите 3 години, потоа да донесе одлука со која МОН треба да донесе подзаконски акт со кој ке го усогласи оброкот со годишната инфлациска стапка“, изјави Ходаи.

    Од форумот исто така бараат ретроактивно плаќање на штетата за изминатите 3 години на студентите кои ја користат мерката за субвенциониран оброк која според нивни пресметки изнесува 300.000 евра вкупно.

    Министерката Весна Јаневска минатата недела изјави дека нема кршење на законот затоа што во 2023 година оброкот бил покачен за 20 денари, односно повеќе од инфлациската стапка.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.