12.3 C
Vinica
понеделник, септември 28, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    За седум месеци земјава ја посетиле над 700.000 туристи, најмногу од Турција, Германија и Србија

    Во првите седум месеци од 2026 година, Македонија ја посетиле вкупно 741 446 туристи, при што е забележано зголемување на бројот на странските туристи. Меѓу најбројните странски гости се туристите од Турција, Германија, Србија, Романија и Албанија.

    Од Министерството за култура и туризам велат дека овие резултати ја нагласуваат важноста на континуираната промоција на Македонија, унапредувањето на квалитетот на туристичките услуги и развојот на автентична, одржлива и конкурентна туристичка понуда, во согласност со потребите на современите туристи.

    „Владата и Министерството за култура и туризам го препознаваат туризмот како значаен фактор за економскиот и општествениот развој на државата. Нашата визија е Македонија да се позиционира како препознатлива меѓународна туристичка дестинација преку вреднување и промоција на богатото културно и природно наследство, развој на квалитетни и одржливи туристички производи и услуги, како и примена на современи дигитални решенија“, велат од Министерството, по повод Светскиот ден на туризмот што годинава се одбележува на тема „Дигиталната агенда и вештачката интелигенција за редизајнирање на туризмот“.

    Темата ја нагласува сè поголемата улога на современите технологии и иновациите во обликувањето на туристичкиот сектор, при што човекот и автентичното туристичко искуство остануваат во центарот на вниманието. Вештачката интелигенција и дигитализацијата отвораат нови можности за поефикасно управување со туристичките дестинации, подобро планирање и создавање поиндивидуализирани, поинклузивни и поквалитетни туристички искуства.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.