30.1 C
Vinica
петок, јули 3, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Во судири пред албанскиот парламент приведени најмалку 18 демонстранти, повредени девет полицајци

    Најмалку 18 демонстранти се приведени, а девет полицајци се повредени во судири во четвртокот пред албанскиот парламент во Тирана.

    До инцидентот дошло за време на најновиот протест против владата, дел од серијата собири што траат повеќе од еден месец.

    Демонстрантитите го опколиле собранието обидувајќи се да ги спречат пратениците да влезат во зградата, а кон автомобилите фрлале јајца и им довикувале „Откажете се од вашите мандати“ и „Не нè претставувате“.

    Полицијата употребила бибер-спреј и воден топ против демонстрантите што се обидувале да ја отстранат заштитната ограда на влезот во парламентот.

    Еден од демонстрантите за локалните медиуми изјавил дека „не живееме во европска земја“ и дека полицијата и претседателот на Албанија „треба да му служат на народот“.

    Министерот за внатрешни работи Бесфорт Ламалари, кој ги посетил повредените полицајци, ги обвинил демонстрантите дека ги злоупотребуваат своите права. „Никој нема право да ја злоупотребува уставната право на мирно собирање и демонстрација претворајќи ја во очигледно насилство“, изјави тој.

    Албанското здружение на новинари соопштило дека многу новинари, фотографи и сниматели пријавиле биле нападнати и од полицајци и од демонстранти.

    Ова е втор судир меѓу протестирачите и полицијата оваа недела. Во првиот, во вторникот, привремено биле приведени шест демонстранти.

    Извор: Балкан инсајт

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica