18.4 C
Vinica
петок, мај 8, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Љутков на „Денови на македонската култура“ во Брисел

    Министерот за култура и туризам Зоран Љутков престојува во Брисел каде што вечер ќе има обраќање пред почетокот на концертот на Оркестарот за џез-музика, кој е дел од програмата на манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Белгија.

    Публиката на концертот, што ќе се одржи во престижната сала „Бозар“ (Bozar) во Брисел, ќе има можност да ужива во уникатен музички спој на македонската традиција и современиот џез-израз.

    Манифестацијата „Денови на македонската култура“ претставува исклучителна можност за промоција на богатото културно наследство и современото уметничко творештво на Македонија на меѓународната сцена. Оваа престижна манифестација се реализира и организира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica