23 C
Vinica
недела, април 26, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    (ВИДЕО) Осомничениот за пукањето е пренесен во болница, бил вооружен со ножеви и пушки, нема индиции за други напаѓачи

    Американските власти соопштија дека осомничениот за пукањето на вечерата на дописниците во Белата куќа бил вооружен со сачмарка, пиштол и повеќе ножеви. Претседателот Доналд Трамп изјави дека најверојатно тој бил целта на нападот и го нарече напаѓачот „луд човек“.

    Трамп, на прес-конференција по нападот рече дека агенти на Федералното истражно биро (ФБИ) вршат претрес во домот на осомничениот во Калифорнија, кој според американските медиуми работел како наставник во Калифорнија.

    Трамп, исто така, рече дека напаѓачот бил „брз“ и ја пофали реакцијата на Тајната служба.

    „Тајната служба денеска заврши подобра работа отколку при обидот за атентат во Батлер“, изјави Трамп.

    За време на обраќањето, американскиот претседател беше опкружен со повеќе високи претставници на администрацијата, меѓу кои државниот секретар Марко Рубио, министерот за одбрана Пит Хегсет, потпретседателот Џеј Ди Венс и првата дама Меланија Трамп.

    Трамп исто така најави дека вечерата на дописниците ќе биде повторно организирана и оцени дека следниот настан ќе биде „подобар“ и „побезбеден“.

    View this post on Instagram

    A post shared by META.MK (@meta_mk)

    Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баусер претходно на прес-конференција рече дека осомничениот за пукањето на вечерата на дописниците во Белата куќа е пренесен во локална болница каде што му се врши медицинска проценка.

    „Во овој момент немаме причина да веруваме дека било вклучено уште некое лице“, изјави Баузер.

    Вршителот на должноста началник на Метрополитен полицијата, Џеф Керол, изјави дека напаѓачот најверојатно дејствувал сам.

    „Осомничениот се затрчал кон контролен пункт на Тајната служба во хотелот ‘Вашингтон Хилтон’“, рече Керол.

    Тој додаде дека осомничениот бил вооружен со сачмарка, пиштол и повеќе ножеви и дека во моментов „не постои опасност за јавноста“.

    Според Асошиејтед прес, повикувајќи се на двајца претставници на безбедносните служби, осомничениот е идентификуван како 31-годишниот Кол Томас Ален од Торенс, Калифорнија.

    Извор: Гардијан и Си-Ен-Ен

    Пукање на вечерата на дописниците во Белата куќа: Доналд Трамп евакуиран од сцената

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica