13.6 C
Vinica
вторник, април 21, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Концерт на Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност – Скопје – „Солисти на ФМУ“ во НУ Филхармонија

    На 22 април во 20:00 часот во Камерната сала на НУ Филхармонија, ќе се одржи концерт на Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност – Скопје „Солисти на ФМУ“, под диригентската палка на проф. м-р Сашо Татарчевски, и поддршка и покровителство од Претседателката на Р.С.Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова и Министерството за култура и туризам на Р.С.Македонија.

    Како солист на пијано ќе настапи младата пијанистка Аница Нелоска, студентка во класата на проф. д-р Марија Ѓошевска, која ќе го изведе Концертот бр. 3, BWV 1054 од Ј. С. Бах.

    Концертот е со бесплатен влез и претставува можност за пошироката јавност да ужива во висококвалитетни изведби на млади и перспективни музичари.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica