10.4 C
Vinica
недела, април 12, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    (Рецепт) ДУНАВСКИ БРАНОВИ: Тие се едни од оние колачи кои се паметат по својот изглед и вкус

    Класичен колач кој комбинира мек бисквит, сочни цреши, ванила крем и чоколадна глазура. Оваа класика на германската кујна со децении ги краси масите низ цела Европа, а нејзиниот препознатлив „брановиден“ крој ја прави особено привлечна. Идеална е за празнични пригоди, но и како сладок десерт со кафе.
    Состојки:
    За бисквитот:
    3 јајца
    175 г шеќер
    175 мл масло
    175 мл млеко
    350 грама брашно
    3 лажички прашок за пециво
    1 лажица какао во прав
    1 лажица млеко (за темниот дел)
    1 тегла цреши или вишни (исцедени)
    малку маст за подмачкување на тавата
    За кремот:
    1 кесичка пудинг од ванила
    400 мл млеко
    2 лажици шеќер
    250 г путер
    За глазурата:
    200 г темно чоколадо
    2 лажици Нутела
    1 лажица масло
    Подготовка
    1. Бисквит:
    Изматете ги јајцата со шеќерот додека не се добие пенаста смеса. Додадете масло и млеко и измешајте. Додадете го брашното и прашокот за пециво. Истурете ја половината од смесата во намастен плех. Додадете какао и една лажица млеко во втората половина, а потоа прелијте го светлиот дел. Наредете ги црешите на површината. Печете на 180°C околу 30–35 минути. Оставете да се олади.
    2. Крем:
    Сварете го пудингот со млеко и шеќер. Покријте со фолија и оставете да се олади. Изматете го путерот, потоа постепено додадете го изладениот пудинг и соединете во мазен крем. Намачкајте ја кремата врз изладениот бисквит.
    3 Глазура:
    Растопете го чоколадото со Нутела и масло. Прелијте го креом и рамномерно распоредете . Оставете во фрижидер неколку часа да се стегне, а потоа исечете на коцки.

    Уживајте!

    Фото: novosti

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica