Ви донесуваме рецепт кој ќе ги освои дури и почетниците во кујната – комбинацијата од тиквички, моркови, спанаќ и сирење се претвора во меки и миризливи залаци. Брзо се прават, а уште побрзо исчезнуваат од чинијата!
View this post on Instagram
Состојки:
1 мала тиквичка (рендана и исцедена)
1 морков (рендан)
1 мал виолетов кромид (ситно исечкан)
1 мал праз
една шака спанаќ
3 јајца
4 лажици ‘ржани снегулки
2 лажици полента
околу 100 г сирење
сол и бибер по вкус
Подготовка:
Убаво измешајте сè во еден сад. Потоа земете плех, обложете го со хартија за печење и со лажица извадете ја смесата – направете мали колачиња. По желба, наросете ги со сусам или лен. Печете во рерна на 180 степени околу 25-30 минути, додека убаво не поруменат. И тоа е тоа – здрави, едноставни и вкусни!
Фото: Принтскрин/Instagram