15.3 C
Vinica
среда, април 8, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    ПРОДОР НА ЛАДЕН БРАН ОД СЕВЕР: Велигденски празници со утрински мраз

    За време на Велигденските празници, односно во периодот од 9 април 2026 (Велики Четврток) до 11 април (Велика Сабота) територијата на Македонија ќе биде под влијание на значително поладен бран кој ќе се спушта од северот и од североистокот на Европскиот Континент. Времето ќе биде значително поладно и променливо со повремено засилен до силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 60 км/час и истиот најизразен ќе биде во Повардарието и во источните предели од Македонија.

    До крајот на денешниот ден 8 април 2026 среда пак во Повардарието и во источните предели од Македонија повремено ветерот од северен правец ќе достигнува брзина и до околу 70 км/час.

    Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а повремено ќе има услови и за сосема слабо и локално проврнување на дожд а на повисоките места и на планините над 1000 метри надморска височина ќе провејува слаб снег, особено во источните предели од Македонија. Во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо со сончеви периоди, значително поладно и со повремено засилен до силен ветер од северен правец кој повремено во делови од регионот ќе достигнува брзина до околу 60/70 км час.

    На ден Велигден 12 април 2026 времето ќе ни биде претежно сончево а особено наутро и значително ладно а преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

    За Велигденските празници и на ден Велигден 12 април 2026 наутро на повеќе места во Македонија ќе има појава на слаб мраз што воопшто не е добро особено за овошките кои се во силна фаза на цветање. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 5 степени а во Скопје и околината наутро температурата очекувам да се спушти до околу 2/3 степени.

    Максималните дневни температури на воздухот пак исто така ќе бидат значително ниски и под просекот за месец април и тие ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени. Во Скопје и околината максималната дневна температура за Велигденските празници ќе се искачува до околу 15 степени.

    Метео прогноза на Славчо Попоски

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica