10.8 C
Vinica
четврток, февруари 26, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Денеска навршуваат 22 години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

    Денеска се навршуваат дваесет и две години од смртта на поранешниот претседсател на Македонија, Борис Трајковски. Тој трагично го загуби животот во авионска несреќа со владиниот авион во Босна и Херцеговина. Во несреќата, покрај Трајковски, животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето, како и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски. Годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски денеска ќе биде одбележана во Скопје, во Струмица и во Ротимље.

    Анионската несреќа, се случи на 26 февруари 2004 година во утринските часови, во Ротимље близу Мостар, за време на летот на Трајковски и делегацијата кон економска конференција во Мостар, Босна и Херцеговина. Авионот се урна во густа магла и пороен дожд на планината во југоисточна Херцеговина, во близина на селата Поплат и Врсник на околу 15 километри југоисточно од Мостар.

    Сите девет лица кои беа во авионот не го преживеаја ударот, што го раздели авионот на три парчиња во област која беше минирана за време на Босанската војна од 1990-тите, што значително ги попречи напорите за спасување.

    Иако причината за несреќата не е позната, веројатно дека е резултат на наводни грешки направени при слетувањето од страна на пилотите и од контролорите на воздушниот сообраќај на Меѓународниот аеродром Мостар. На барање на македонските власти, по собирањето на дополнителните докази од страна на македонското МВР, беше отворена нова истрага во јануари 2013 година, што ја водеше меѓународен тим предводен од Омер Кулиќ. И во нивниот извештај како клучни причини за несреќата беа наведени грешки на екипажот и системски пропусти.

    Борис Трајковски е роден во Струмица во 1956 година, а претседател на Македонија стана на 15 декември 1999 година. Тој дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година, специјализирал деловно право и право на работни односи а во 1998 година беше заменик министер за надворешни работи во владата на Љубчо Георгиевски.

    По неговата смрт неговото семејство ја формираше Фондацијата „Борис Трајковски“.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica