6.8 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    ДЗР ги објави извештаите за финасиското работење на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и Алтернатива во 2024 година

    Државниот завод за ревизија ги објави конечните ревизорски извештаи за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на сметките за редовно работење на политичките партии ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и Алтернатива, за 2024 година.

    Како што утврди ДЗР, политичката партија ДУИ влезните фактури од добавувачите не ги архивира кога се добиени, како би се потврдило дека хронолошки се евидентирани во деловните книги, исплатила расходи за материјални трошоци врз основа на фактури за кои не е обезбедена поткрепувачка документација, примила средства за членарина над законски дозволениот лимит, а партиско истражувачкиот аналитички центар не е соодветно кадровски екипиран.

    „Во насока на надминување на утврдените состојби, ревизијата даде препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите, велат од Заводот, од каде изразија мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива.

    ВМРО-ДПМНЕ има забрана за привремено располагање со дел од имотот на политичката партија преку поведена постапка во 2018 година, која влијае на проценетата вредност на дел од недвижниот имот искажан во билансот на состојба. Заводот нотирал дека, во однос на 2023 година, во 2024 е донесено Решение од суд со кое предлогот за укинување на привремените мерки утврдени со претходните решенија е делумно уважен, по што ревизоритр дале препорака за надминување на утврдената состојба. ДЗР, во однос на финансиските извештаи на ВМРО ДПМНЕ изразиле мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење без резерва за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива.

    СДСМ за дел од градежните објекти, наследени од правниот субјект претходник на партијата нема решен сопственички статус, поради што истите не се воведени во евиденцијата кај надлежната агенција и во сметководствената евиденција на партијата, но било утврдено дека од страна на одговорните лица се преземаат активности за надминување на оваа состојба и дадена е препорака за нивно продолжување , стои во извештајот на ДЗР. Ревизорите, исто како и во извештајот за 2023, утврдиле дека партијата и во 2024 нема остварено приходи од членарини. Од ДЗР изразиле мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и мислење без резерва за усогласеност со релевантната законска регулатива.

    На финансискиот извештај на Левица, ревизорите изразиле мислење без резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година, како и за усогласеноста со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики.

    Алтернатива, според ДЗР, начинот на водење на сметководството односно деловните книги не го врши согласно одредбите од Законот за сметководство на непрофитни организации, донациите од правно лице на име попуст за користена услуга не се соодветно евидентирани, а амортизацијата на постојаните средства не се пресметува по пропишаните стапки како и не е пресметана ревалоризација. Ревизорите изразилее мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и за усогласеност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica