6.4 C
Vinica
среда, февруари 18, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    (Рецепт) ПОЛНЕТИ КОМПИРИ: Богато, заситувачко и неодоливо јадење од рерна

    Меки печени компири исполнети со кремаст фил од стопен чедар, крцкава сланина и свеж млад кромид – совршен избор за ручек, вечера или обилно предјадење. Малку крцкави однадвор, сочни и полни со вкус одвнатре, овие полнети компири се едноставни, но секогаш импресивни.
    Состојки:
    4 средни компири (кафеава сорта)
    2 лажици маслиново масло
    1 лажичка сол
    ½ лажичка црн пипер
    1 ½ шолји рендано чедар сирење
    6 парчиња сланина, пржена и издробена
    2 млади кромитчиња, ситно исечкани
    2 лажици путер
    ½ шолја павлака (+ повеќе за сервирање по желба)
    Подготовка:
    Загрејте ја рерната на 200°C. Измијте ги и исушете ги компирите, потоа премачкајте ги со маслиново масло и посолете ги и наросете соцрн пипер. Печете директно на скара 45-60 минути, додека компирите потполно не омекнат. Извадете ги од рерна и оставете ги да се ладат 5-10 минути. Исечете го секој компир на средина (не до крај) и внимателно раширете го. Изгмечете ја внатрешноста малку со вилушка, додадете путер, малку павлака, половина од сирењето и половина од сланината, а потоа нежно измешајте го компирот. Посипете со преостанатото сирење и сланина. Вратете во рерна уште 10-15 минути, додека сирењето не се стопи и не добие златна боја. На крајот, посипете со млад кромид и послужете топло, со ладна павлака.

    Пријатно!

    Фото: Принтскрин/novosti

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica