Закажана е спектакуларна боксерска егзибиција меѓу Мајк Тајсон и Флојд Мејведер.
Во декември беше најавена борба меѓу овие двајца великани на профи-боксот и според најавите истата требаше да се одржи во Африка. Тогаш, планот беше за март, а сега двете страни се согласија на судир на 25 април. Локацијата останува – со тоа што сега е прецизирана и државата каде ќе се одржи овој егзибициски дуел – Конго.
Флојд, како и Мајк, рече дека ова ќе биде една од најспектакуларните борби досега бидејќи во неа учествуваат боксери кои се рангирани високо на листата на најдобри на сите времиња.Тајсон, во своите најдобри денови, би имал огромна предност пред Флојд затоа што е тешкаш. Сега, сепак, Тајсон нема никаква предност бидејќи има 59 години и неодамна беше поразен од јутјубер во егзибициска борба.