8.9 C
Vinica
понеделник, февруари 16, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    МОН не ги коригирало забелешките од ДЗР за Студентскиот дом во Тетово, кујната сè уште е нефукнционална

    Министерството за образование и наука и по пет месеци не постапило по забелешките на Државниот завод за ревизија за Студентскиот дом во Тетово, пишува Порталб.мк. Ревизорите, меѓу другото, контатирале дека домот бил пуштен во употреба без техничка контрола на објектот и без одобрение за вршење на дејноста, а ниту мензата (кујната) не е ставена во употреба.
    Пред пет месеци од Министерството за образование и наука за Порталб.мк изјавија дека ќе ги корегираат овие пропусти, сè уште ништо не е направено. Од Министерството за образование и наука велат дека преземаат активности за целосно техничко завршување на основниот проект, во согласност со забелешките на Државниот завод за ревизија.
    „Пред шест месеци беше спроведена постапка за јавна набавка за избор на економски оператор кој ќе ја заврши целата постапка, но таа не беше успешна, бидејќи компаниите што аплицираа не доставија комплетна документација. Во скоро време јавната набавка ќе биде повторена, а потоа ќе биде објавена постапката за уредување на кујната и нејзино пуштање во употреба“, соопштија од Министерството за образование.
    Во серија на написи Порталб.мк редовно пишуваше за овие проблеми. Инаку, студентскиот дом во Тетово беше пуштен во употреба на 1 ноември 2023 година, по многу одложувања на работите и ветувања што датираат од 2016 година.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica