12 C
Vinica
недела, февруари 15, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    СДСМ: Кој дозволил нелегално да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони?

    Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) обвини дека и по 15 дена нема одговори за, како што наведуваат, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, прашувајќи како 5 тони дрога поминале преку македонската граница и кој ќе одговара.

    Во партиското соопштение се посочува дека одговори нема од премиерот, ниту од надлежните министри и институции.

    „Соочени со фактот за сопствената одговорност се впуштија во медиумска кампања и лицитираат со запленети 100 тони марихуана која според нив била нелегално произведена. Но, така заглавија уште подлабоко“, наведуваат од СДСМ.

    Од партијата тврдат дека доколку навистина биле произведени 100 тони марихуана, тоа значи дека станува збор за површина од над 30 хектари, што, според нив, е еквивалент на повеќе од 40 фудбалски стадиони.

    „Кој дозволил толкава површина да се одгледува во Македонија? Зошто не била направена ниту една теренска контрола?“, прашуваат од СДСМ.

    Партијата наведува дека во изминатите две години, според нив, МВР, Министерството за здравство, Министерството за земјоделство и инспекциските служби не презеле ништо за спречување на вакво производство.

    Во соопштението се поставуваат и прашања за улогата на безбедносните служби, вклучително и АНБ и Агенцијата за разузнавање, како и за тоа како, како што тврдат, 5 тони дрога поминале преку граница „покрај 65 илјади камери од ‘Сејф сити’, покрај скенери, контроли, полиција и царина“.

    „Нема одговор на овие прашања за тоа што одговорноста за нарко скандалот е во врвот на власта“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека нема да дозволат случајот да биде заташкан и дека ќе бараат одговорност.

    Српските органи на прогонот, на 29 јануари пронајдоа 5 тони марихуана за која велат дека потекнува од Македонија, поточно од фабријата „Алфафарм груп“ во Скопје, која се наоѓа во рамки на поранешен ОХИС во Скопје. Според објавите на српските медиуми, меѓу приведените беа и еден од косопствениците на оваа фабрика, кој е српски државјанин, како и локален функционер на владејачката Српска напредна партија (СНС), на чиј имот во селото Коњух, во централна Србија, била пронајдена дрогата. Македонските власти, пак, не кажуваат детали околу потеклото на пронајдената дрога во Србија. Тие организираа акција за проверка на фабриките за медицински канабис, а од посочената Алфафарм запленија над девет тони марихуана и 1.300 шишиња масло од канабис.

    Во акцијата на македонското Министерство за внатрешни работи од 5 февруари беа запленети вкупно 40 тони марихуана, вклучително и од компании од југо-истокот на земјата од каде потекнува поранешниот лидер на СДСМ и екс-премиер, Зоран Заев. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го наметнат наративот во јавноста дека токму Заев и сегашниот лидер на социјал-демократите Венко Филипче стојат зад злоупотребата на производството на медицинска марихуана во земјава.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica