
Започна официјалното гласање за „Најубави фасади во Европа“, во рамки на меѓународниот архитектонски избор Life Challenge 2026 Budapest, каде што меѓу најзначајните и најимпресивни проекти се најде и Соборниот храм „Св. Климент Охридски“.
Овој величествен објект се издвојува не само по својата архитектонска уникатност, туку и по духовната симболика што ја носи. Со својата монументалност, хармонични линии и внимателно обликувана фасада, Соборниот храм претставува спој на современ архитектонски израз и длабоко вкоренета духовна традиција.
Проектот е препознаен како еден од најубавите и највредните во конкуренција од цела Европа, што претставува големо признание за македонската архитектура и културно наследство.
Како да гласате?
Гласањето е отворено, а секој глас е важен. Поддршката се дава со 5 ѕвездички (5★), што носи максимален број поени.
Гласајте на следниот линк:
https://baumit.mk/…/soboren-hram-sv-kliment-ohridski
The post Започна гласањето за „Најубави фасади во Европа“ – Соборниот храм меѓу највпечатливите проекти appeared first on ekran.