9.3 C
Vinica
сабота, февруари 14, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Мојсов: Респект за Шкендија, но ќе сториме сѐ бодовите да останат во Кавадарци

     

    Тиквеш во првото пролетно коло имаше лесна задача, доминираше и убедливо го совлада Шкупи со 0-6, играјќи во Кавадарци иако формално како гостин. Веќе следниот ривал е многу, многу посериозен, актуелниот шампион Шкендија гостува кај составот на Борче Христов.

    Искусниот дефанзивец Даниел Мојсов вели дека тој и соиграчите имаат максимален респект за Шкендија, но ќе сторат сѐ да ги освојат бодовите.

    Бодови мора да освојуваме против секого. На секој следен натпревар да одиме со јасна цел – нови три бода. Сега нè очекува многу поинаков меч од претходниот. Ги респектираме и ги цениме, но ние одиме на победа. Ако бидеме сите како едно, сигурен сум дека бодовите ќе останат во Кавадарци. Тие играат на повеќе фронтови и нормално е да имаат слаби страни. Ние ги знаеме и се надевам дека ќе успееме да ги искористиме. Од друга страна, свесни сме и за нивните квалитети и верувам дека ќе успееме да ги неутрализираме“, вели Даниел Мојсов. Во Кавадарци се очекува фудбалски спектакл, а Мојсов ги покани фановите да дојдат во голем број на стадионот и да го поддржат тимот на Тиквеш.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica