7.5 C
Vinica
четврток, февруари 12, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Земјотрес со епицентар во Косово ја стресе и Македонија

    Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала во Косово вчера се почувствува и во повеќе градови во земјава. Заради земјотресот, кој траеше десетина секунди, голем број граѓани синоќа околу 22 часот ги напуштија домовите заради страв од афтершокови.

    Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот се случил во 22 часот и 5 минути со епицентар во Косово, на околу 45 километри северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 4.6

    Потресот најсилно е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од пет степени според Европската макросеизмичка скала, во Скопје и околината со интензитет од четири до пет степени, а во останатите делови од земјата со интензитет од три до четири степени.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica