Сочен, нежен, мек, овој колач ќе им се допадне на сите, од најмладите до најстарите!
Потребно е:
– 2 јајца
– чаша гриз
– чаша брашно
– чаша масло или 125 г истопен путер или маргарин
– 3 лажици мармалад од кајсии
– 4 помали рендани јаболка
– 2 лажици чоколадо во прав
– а лаќичка цимет
– кесичка прашок за пециво
– 100 г (или повеќе) пржени мелени бадеми или ореви
– чаша шеќер
Подготовка:
Добро изматете ги јајцата и шеќерот, потоа додадете гриз и масло. Нежно мешајте за да се соедини. Додадете мармалад, чоколадо во прав, рендани и исцедени јаболка, како и пржени мелени бадеми. Продолжете нежно да мешате. На крај, додадете брашно измешано со прашок за пециво. Истурете ја смесата во плех за печење и печете во рерна, претходно загреана на 200 степени, околу 20 минути.
Кога колачот ќе се испече и олади, посипете го со шеќер во прав и послужете го.
Фото: Принтскрин/YouTube