9 C
Vinica
сабота, февруари 7, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    (ВИДЕО) ПИЛЕШКО ВО СОС ОД КРОМИД: Идеја за денешниот ручек

    Со додавање на пиперка и домати, вкусот станува уште побогат.
    Состојки:
    3 главици кромид
    1 пиперка
    1 лута пиперка
    1 домат
    пилешко месо исечено на парчиња
    малку масло
    малку вода, сол
    зачин, бибер
    1 лажичка слатка пиперка
    Подготовка:
    Исечете го пилешкото на парчиња, па пржете го во врело масло од двете страни додека убаво не порумени. Кога месото ќе добие боја, извадете го на чинија и додадете го кромидот исечен на резанки и сечканата пиперка во истата маснотија.
    Динстајте ги кромидот и пиперката околу 15 до 20 минути додека целосно не омекнат, потоа додадете ги сечканите домати или прелијте со чаша варени домати. Потоа вратете го прженото пилешко, додадете малку вода и продолжете со динстање уште десет минути.
    На самиот крај, додадете сол, зачини, мелен бибер и слатка пиперка, па оставете сè заедно да крчка уште неколку минути додека вкусовите не се соединат и сосот не стане совршен.

    Фото: Принтскрин/YouTube

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica