Крцкавите лешници, воздушестиот бисквит и освежителниот крем од ванила го прават овој колач вистински избор за празнични моменти, неделен ручек или слатко уживање со кафе.
Состојки:
Бисквит:
5 белки
250 г лешници
190 г шеќер
3 лажици брашно
½ прашок за пециво
Крем:
450 мл млеко
1 пудинг од ванила
150 г шеќер
5 жолчки
2 ванилин шеќер
100 г путер
Подготовка: испечете ги лешниците кратко во рерна и откако ќе се изладат сомелете ги грубо. Изматете ги белките додека не се стврднат, потоа постепено додавајте шеќер, мелени лешници, брашно и прашок за пециво. Нежно измешајте и истурете ја смесата во поголем плех. Печете го бисквитот 30–40 минути на 180°C. Кога ќе се излади, исечете го по должина на три еднакви парчиња. Сварете го пудингот со шеќер, жолчки и ванилин шеќер во млекото. Додадете путер во изладениот крем и добро матете додека се не се изедначи.
Редење: бисквит – крем – бисквит – крем – бисквит.
Одозгора намачкајте тенок слој крем и наросете со ситно мелени лешници.
Уживајте!
Наместо лешници можете да користите ореви.
Фото: Принтскрин/novosti