11.7 C
Vinica
сабота, февруари 7, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Тошковски: Со „Безбеден град“ бројот на сообраќајни прекршоци е драстично намален

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е задоволен од стартот на проектот „Безбеден град“, за кој вели дека драстично ги намалил бројот на сообраќајни прекршоци, како и на бројот на повредени лица и смртни случаи во сообраќајни несреќи.
    Тој посочи дека најголем дел од граѓаните за време на тест периодот ги почитувале сообраќајните правила, а во текот на вчерашниот ден, кога и официјално започна да фунционира „Безбеден град“, биле регистрирани околу 500 прекршоци.
    „Има значително намалување на бројката на сообраќајни прекршоци во споредба од пред два месеци кога започна тест периодот. Констатирани се околу петстотини сообраќајни прекршоци од страна на паметните камери за разлика од пред два месеци, кога беа над 120.000 прекршоци. Бројот на повредени лица во сообраќајни незгодни се намали за околу 35 отсто во Скопје, а бројот на смртни случаи настанати во рамки на сообраќајни незгоди од 11 на 4“, потенцираше Тошковски.
    „Безбеден град“ стартуваше вчера на подрачјето на градовите Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 8 и 10, но со поголем праг на толеранција, со цел возачите постепено да се прилагодат на новиот начин на контрола. Наместо вообичаените 10 проценти, во првите месеци ќе важи толеранција од 15 проценти над дозволената брзина.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica