-2.3 C
Vinica
понеделник, февруари 2, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Од 1 февруари укинато СМС-плаќањето за ноќните линии, билетите ќе се купуваат во автобус

    Плаќањето на билет за едно возење преку СМС порака на бројот 185 за користење на ноќните автобуски линии ќе биде укинато почнувајќи од 1 февруари.

    Како што информираат од Јавното сообраќајно претпријатие, користењето на јавниот превоз на ноќните линии во периодот од 00:00 до 05:00 часот ќе биде можно исклучиво со купен ноќен билет за едно возење од 50 денари кој ќе се купува директно во возилото кај возачот, како и преку електронски паричник со валидирање на билетот на валидаторот.

    „Користењето на јавен превоз во ноќните линии од 00:00 до 05:00 часот важи со валидирање/купување на ноќен хартиен билет за едно возење кој чини 50 денари, исклучиво купен во возилото кај возачот и од електронски паричник преку валидаторот“, се вели во соопштението на претпријатието.

    Од ЈСП напоменуваат и дека месечните, тримесечните, шестмесечните и годишните билети за бесплатно користење на јавен превоз кои важат од 05:00 до 24:00 часот за сите градски и приградски линии, не важат за користење на ноќни линии.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica