-2.3 C
Vinica
понеделник, февруари 2, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Министерството за правда на САД објави нови документи од истражните досиеја на Епштајн

    Американското Министерство за правда објави нови документи од истражните досиеја за Џефри Епштајн,  а според заменик-јавниот обвинител Тод Бланш, ќе бидат објавени повеќе од 3 милиони страници документи, над 2.000 видеа и околу 180.000 фотографии, пренесува Асошиејтед Прес.

    Во декември, Министерството беше критикувано поради малиот број објавени документи, но властите тогаш соопштија дека е потребно дополнително време за проверка и заштита на идентитетите на жртвите.

    Во новообјавените материјали има документи за контактите на Епштајн со голем број познати личности, меѓу кои и поранешниот британски принц Ендру, Доналд Трамп, поранешниот претседател Бил Клинтон, милијардерот Илон Маск, бизнисменот Хауард Лутник и други јавни личности.

    Документите содржат распореди за средби, списоци на гости и белешки. Во материјалите се спомнуваат и непотврдени пријави од граѓани за наводни злоупотреби од страна на јавни личности.

    Дел од документите покажуваат дека Епштајн одржувал комуникација со Илон Маск во врска со можни посети на неговиот приватен остров на Карибите, иако не е јасно дали тие посети навистина се реализирале. Маск претходно изјави дека ги одбил поканите на Епштајн.

    Досиејата повторно го отворија прашањето за односите на Епштајн со политичари и бизнисмени, но ниту една од жртвите кои јавно сведочеле досега не ги обвиниле Трамп или Клинтон за сексуална злоупотреба. Двајцата негираат каква било вмешаност и велат дека не знаеле за злосторствата на Епштајн.

    Џефри Епштајн изврши самоубиство во затворска ќелија во Њујорк во август 2019 година додека чекаше судење за обвиненија за трговија со луѓе.

    Во 2021 година, поранешната партнерка на Епштајн, Гислејн Максвел, беше осудена за трговија со луѓе и осудена на 20 години затвор поради помагање во регрутирање малолетни жртви.

    И покрај обемната истрага, американските обвинители никогаш не покренаа обвиненија против други лица поврзани со случајот. Една од најпознатите жртви, Вирџинија Џуфре, почина минатата година на 41-годишна возраст.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica