-2.3 C
Vinica
понеделник, февруари 2, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

    Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од утре (01.02.2026) започнува со функционирање системот „Безбеден град“. Системот ќе стартува на територија на градовите Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 8 и 10 со што ќе започне со санкционирање на граѓаните кои направиле прекршок детектиран од камерите.

    Во првата фаза системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци:
    • непрописно паркирање;
    • управување со брзина поголема од пропишаната;
    • минување на црвено светло;
    • управување на возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.

    „Системот „Безбеден град“ е исклучително важна инвестиција во безбедноста на сите граѓани и целата држава, ќе спасува човечки животи, ќе го регулира сообраќајот, а ќе ги санкционира сите оние кои не сакаат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи на сопствена штета и штета на другите учесници со сообраќајот. Камерите се поставени на критичните сообраќајни точки каде често се случуваат сообраќајни прекршоци,“ велат од МВР.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica