Комбинацијата од лук, зачински билки и кора од лимон дава свежина, додека синото сирење носи длабочина на вкус што плени од првиот залак.
Состојки:
300 г крем сирење (Филаделфија, АБЦ, Президент, Ела…)
2 чешниња лук, ситно изгмечени
2 лажици ситно сечкан магдонос или власец
85 г горгонзола или друго сино сирење
2 лажици маслиново масло
2 лажици вотка или џин
1 лажичка рендана кора од лимон + уште малку за дресинг
¾ чаша исцедени и ситно сечкани зелени маслинки
маслиново масло, за прелив
крупна морска сол, за дресинг
свежо мелен црн пипер, за дресинг
За сервирање:
крекери, чипс
Подготовка:
Ставете го крем сирењето, лукот, сечканиот магдонос (или власец), горгонзолата, маслиновото масло, вотката (или џин) и кората од лимон во процесор за храна. Пасирајте додека не добиете мазна и рамномерна кремаста смеса. Префрлете го намазот во поголем сад и израмнете ја површината. Наредете ги сечканите маслинки одозгора, наросете со дополнителна кора од лимон, прелијте со малку маслиново масло и зачинете со крупна сол и свежо мелен црн пипер. Сервирајте веднаш или ставете во фрижидер 20-30 минути за да се спојат вкусовите.
Уживајте!
Фото: Принтскрин/novosti