7 C
Vinica
четврток, февруари 12, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумпција на невиност за сите постапки

    Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека е во постојана и целосна соработка со надлежните институции во сите случаи каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната област, вклучително и во актуелниот случај кој се однесува на 11 вработени.

    Од УЈП информираат дека до обвинителството е доставена целосна документација, како и стручни материјали и експертски појаснувања поврзани со даночната регулатива и постапките, кои произлегле од спроведените контроли.

    „Управата за јавни приходи јасно нагласува дека нема компромис кога станува збор за незаконито
    постапување, злоупотреба или корупција. Овие појави се неприфатливи и целосно спротивни на
    професионалните и етичките принципи на институцијата.“ велат од УЈП.

    Додека трае постапката, УЈП соопшти дека презела соодветни мерки за непречено функционирање на институцијата и стабилност на работните процеси во засегнатата организациона единица, со цел заштита на јавниот интерес и зачувување на институционалниот интегритет.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica